Енергетската ефикасност и младите
ОПШТИНА БИТОЛА
Ден IV на Неделата на енергетска ефикасност
Четвртиот ден од Неделата на енергетска ефикасност во Општина Битола, беше посветен на најмладите – ученици од основните училишта и градинките. Во рамките на овој ден најмладите се запознаа со тоа што е енергетска ефикасност, но и твореа на таа тема. Преку цртежи го претставија своето разбирање на поимите енергија, енергетска ефикасност и сл.
Настанот Енергетската ефикасност и младите се одржа во Градскиот парк во Битола (детско игралиште со дрвени играчки), во Четвртокот 02.09.2021 од 17:00 до 20 часот, согласно планираната агенда во поканата за настанот, без измени. Бројот на регистрирани учесници (деца и возрасни) беше 41. Покрај поканетите ученици со своите наставници од неколку основни училишта во Битола, на настанот му се приклучија и повеќе деца кои со своите родители, баби и дедовци шетаат во ова време низ градскиот парк.
Настанот започна со воведен час од наставничката Весела Богдановиќ, експерт на ГАУС Институтот. Г-ѓа Богдановиќ на сликовит начин преку интерактивни игри на присутните дечиња им објасни што е тоа енергија и зошто треба да се штеди.
Потоа учесниците се дружеа и цртаа на тема енергија и штедење на енергија, т.е. енергетска ефикасност.
Настанот заврши со презентација на детските творби, кои потоа беа наградени од Општина Битола со сет од промотивни и едукативни материјали од проектот БЕНЕФИТ на тема енергетска ефикасност. Детските творби се дадени во прилог на овој извештај.
Четвртиот ден од неделата на енергетска ефикасност заврши околу 20:00 часот и продолжи со заедничка дружење на децата и возрасните со пици и сокови, секако и многу смеа, радости и детски џагор.
Настанот се организира согласно КОВИД-19 протоколите за организација на настава во природа.


