Програма Интеррег ИПА ЦБЦ „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020“
Програмата Интеррег ИПА ЦБЦ „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020 година“ е програма за прекугранична соработка кофинансирана од Европската унија во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II). Изјавата за стратегија на Програмата е „да се зајакне територијалната кохезија преку подобрување на животниот стандард и можностите за вработување имајќи ја почитта кон животната средина и со користење на природните ресурси за надградба на туристичкиот производ“. Вкупниот буџет на Програмата за периодот 2014-2020 година е 45.470.066,00 €.
Оваа област каде се наоѓаат Солун, Серес, Кукуш, Едеса, Лерин и Пела и Вардар, Пелагонија, Југоисток и Југозапад е сцена за заеднички активности на двете земји. Програмата ги овластува јавните власти, приватните непрофитни организации и други институции, како и граѓаните да работат заедно на заеднички предизвици и проблеми, барајќи попаметни решенија што можат подобро да се постигнат кога ќе соработуваат.
Овие проблеми можат да бидат одделни или различни, но дејствата се заеднички. Тоа е соработка што ги учи сите партнери да бараат соработка, да ги здружат силите и да споделат активности во сите сектори од заеднички интерес, како што се конкурентност, животна средина, туризам, транспорт, вработување, здравство и социјални прашања. Европската унија, Грција и Поранешна југословенска Република Македонија нудат повеќе од 45.000.000 €, од 2014 до 2020 година за поддршка на работата на партнерите. Од создавање нови работни места до почитување на животната средина во оваа област, партнерите се разбираат и си помагаат едни на други. Заедничка цел на партнерите е подобро секојдневие.
Програмата е изградена врз следниве две приоритетни оски кои ги одразуваат идентификуваните потреби и предизвици; Приоритетна оска 1: Развој и поддршка на локалната економија Приоритетна оска 2: Заштита на животната средина – Транспорт.
Интернет-страница на Програмата: http://www.ipa-cbc-programme.eu
Веб-страница посветена на регионалната политика на ЕУ: http://ec.europa.eu/regional_policy/index_en.htm
Дознајте повеќе за … Интеррег


